Измислиле Јапонците машина што чита мисли. Пиеш една пијачка и на екранот се појавува твојата мисла.
Седнува Американецот, пие виски и на екранот се појавува кутија Малборо.
Седнува Русинот, пие една чаша вотка – на екранот магла, пие втора чаша вотка – на екранот магла, пие трета чаша вотка и на екранот се појавуваат кисели краставички.
Седнува Македонецот, 1 ракија – на екранот магла, 2 ракии истиот резултат, 3 … 4 … 5 опаа нешто се размрдува но сеуште е нејасно, 6 …., 7 и одеднаш тули, греди, ќерамиди цемент и други градежни материјали.
Скокнуваат Јапонците, брзо го исклучуваат од машината и почнуваат да му се караат:
– Што мислиш толку многу бе, ќе ни ја блокираш машината?
– Уффф, чекајте малку да ми текне како идеше онаа од Васка Илиева… “Мост ми sидаја девет мајстори”!