Населиле меѓународен „Преживеан“! Ги поканиле тројцата најголеми акциони херои – Реган од Америка, Милош од Србија и од Македонија – Стојан! Ги пуштиле на еден пуст остров само со по еден нож и кибрит. Првата работа им била да најдат храна. Нашиот Стојан го превртел целиот остров, но ништо не најдел за јадење. А веќе бил многу гладен. Конечно му дошла идеја: „Милош е наш човек – балканец! Да се здружиме двајцата, да го нападнеме Реган и да го изедеме!”
Го наоѓа Милош, а тој пали оган.
– Милоше! – Рекол нашиот.
– Абе овој Реган, ич не ми се допаѓа!
– Нема проблем! – Рекол Србинот. – Штом не ти се допаѓа – нема да го јадеш!