Македонски младоженци на меден месец се сместиле во вашингтонскиот хотел „Вотергејт“.
Невестата била загрижена дека собата можеби сè уште се прислушува, па го натерала сопругот внимателно ја претресе. Погледнал зад завесите, под креветот, во плакарот, и конечно под тепихот. А таму нашол еден мистериозен диск со четири штрафа. Со помош на неговото швајцарско ноже, ги одвртил штрафовите и го фрлил дискот низ прозорецот.
Наредното утро, пред да заминат, менаџерот на хотелот ги прашал:
– Ви се допадна ли собата? А услуга? Како си поминавте во нашиот хотел?
– А зошто ни поставувате толку многу прашања? – Изненадено прашал младоженецот.
– Затоа што од собата под вас се пожалија дека лустерот паднал врз нив.