Во една зоолошка градина имало распродажба на животни и еден човек решил да оди. Отишол и видел дека останал само 1 мајмун. Се сожалил на него и решил да го купи. На поаѓање сопственикот на зоолошката градина му рекол да прави било што со него, само да не го потчукнува по рамото. Човекот се согласил и заминал. Но, кога се вратил дома станал многу љубопитен и сепак го потчукнал мајмунот по рамото. Тогаш мајмунот збеснал, го погледнал со гневен поглед и почнал да го брка. Ја превртеле целата куќа, се додека мажот не се преморил и застанал во еден агол чекајќи ја смртта. Мајмунот дошол, го потчукнал по рамото и му рекол:
– Ти бркаш!