Семејство од Квинсленд, Австралија отишло на одмор од соништата во Бали и одлучиле да направат еднодневна посета на популарната шума на мајмуните Убуд.

37-годишната Џуди, заедно со 36-годишниот сопруг Симон и трите деца, Елајџа, Џими и Кејли ја посетиле светата шума каде што живеат стотици мајмуни.

Тие замолиле локален водиш да ги фотографира, но одеднаш се појавил мајмун кој сакал да направи селфи и набрзо заминал. Џуди не ги проверила веднаш фотографиите, а подоцна кога ги погледнала таа и нејзиното семејство пукнале од смеа.

Малиот вообразен мајмун решил да се направи „фраер“ и им оставил навистина уникатно селфи кое ќе го паметат.

Семејството вели дека откако ја направил фотографијата со средниот прст опасникот му ги земал кикиритките од раката на водичот и си продолжил по патот.

Сподели на Facebook
пати видено