Леопард беше спасен од давење во длабок бунар од 8 метри во западна Индија, благодарение на група љубопитни мајмуни, кои ги предупредија локалните жители за проблемот на предаторот.
Мајмуните биле забележани како во голема група се наредиле на работ на бунарот, врескале, кружеле и скокале околу него, зад храмот во Сикар, Раџастан. Посетителите на храмот биле привлечени кон бунарот со необичното однесување на мајмуните и го пронашле леопардот како плива на дното.
Тие веднаш ги повикале спасувачките служби и животното било спасено со помош на скала за еден час. Откако излегол од бунарот тој веднаш заминал кон џуглата и не нападнал некого од луѓето или пак животните.