Многу семејствата се плашат да ги напуштат своите домови поради серијата напади од страна на мајмуни врз луѓето во Западна Индија.
Застрашувачки видео снимки од безбедносните камери покажуваат неколку инциденти во Супа Вилиџ, во близина на Навсари, во државата Гуџарат. Мајмуните физички ги напаѓаат луѓето без причина.
До сега имало 19 напади од страна на приматите и бројката продолжува да расте. Во изминатата недела, секој ден, барем една личност била напаѓана од мајмун. Одделот за шуми започнал истрага и смислува начини да ги фати дивите примати.
Еден млекар, кој бил нападнат седум пати од истиот мајмун, изјавил: „Беше рано наутро и јас бев на пат да го земам млекото за разнесување кога првпат ме нападна мајмун. Бев фатен неспремен поради интензитетот о кој работите се одвиваа. Мајмунот ме нападна одзади и паднав на земја, имав неколку помали повреди поради нападот. Оттогаш сум нападнат седум пати. Сега, толку се исплашив што чувствувам дека ме следи мајмун каде и да одам.“
Еден од шумските полицајци, Ватсал Пандија, вели: „Ние не знаеме зошто мајмуните се однесуваат на ваков начин, добивме многу поплаки и сега правиме стратегија за фаќање на мајмуните“.
Жителите се обиделе да им понудат храна за животните за да ги спречат нападите, но тоа не функционирало. Во инцидент што се случи претходно оваа година, бебе почина кога мајмуни го украдоа и го фрлија во бунар во Ориса, Индија.