Маж од Перу бил претепан од група на изреволтирани мајки, кои го фатиле како се обидувал скришно да излезе од детската соба на 10-годишно девојче од нивното соседство. За време на бегството тој се обидел да влезе во такси и да избега, но групата од лути жени го фатила и го извлекла од автомобилот.
За тое време некој од останатите сведоци се јавил во полицијата. Мажот тврдел дека бил пијан и дека не се сеќава на ништо, но неговата приказна не поминала кај лутите мајки. Кога пристигнала полицијата успеала да ги одвои жените од мажот, за да не го претепаат до смрт.
Било покренато обвинение против мажот. Видеото од инцидентот било распространето од страна на локалните медиуми во Перу, а коментарите во врска со постапката на жените пристигнале веднаш по неговото објавување. Интернет заедницата ги брани активностите на мајките и строго го осудува мажот. Некои интернет корисници дури споделија дека би стигнале до крајност, доколку некој на сличен начин му наштети на нивен близок или член на семејството.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.