Се прекинуваат околу 20 бремености по вештачки пат годишно  кога жените ќе дознаат дека нивното дете би можело да се роди со Даунов синдром. Тоа е основната причина поради која жени кои платиле скапи третмани за вештачко оплодување се решаваат на ваков чекор, утврдува анализата на Установата за човечка плодност и ембриологија на Велика Британија.

br01

Активисти за правата на лицата со попреченост ги критикуваат жените што се решаваат на абортус поради ова, при што некои ги оквалификуваат како „еугенетичари“, додека други велат дека жените прават огромна грешка, бидејќи луѓето со Даунов синдром исто така можат да имаат квалитетен живот.

br02

Не постои доказ дека бебињата зачнати по вештачки пат се повеќе подложни на генетски аномалии, иако постои ризик ембрионот да биде оштетен за време на всадувањето.

Сподели на Facebook
пати видено