Ако му дозволите на вашето тригодишно дете да ви ја бира облеката, тоа всушност може да заврши така што ќе изгледате извонредно. Самер Белеса, актерка и блогерка, решила да му дозволи на Ровкел, нејзиниот тригодишен син, да ѝ ја бира облеката секој ден во текот на една недела. Понекогаш комбинацијата ќе се погоди, понекогаш не, но не можете да одречете дека детето има доста добро око.
„Да се биде мајка во голема мера значи да кажуваш што треба да се прави.“ пишува Белеса. „Да си ги смениме улогите и за двајцата беше вистинска терапија, дури и на ваков мал начин. Тој уживаше во тоа да се уважува неговото мислење…“