Многу е тешко да се сокријат било какви слатки од децата. Тие мали „душкала“ се спремни да ја превртат куќата само да дојдат до уште чоколадо или грицки.
Родителите кои исто така понекогаш сакаат да си се почестат со слатки најдобро го познаваат овој проблем, затоа што најверојатно се кријат во ќошеви и тоалети за да си дозволат дел од слаткото „злосторство“.
Па каде да ги сокриете слатките за да не ги пронајдат малите „ѓаволчиња“? Секако на местото каде што тие никогаш не би ни побарале. Оваа мајка од САД им даде одлична идеја на сите родители.
Слатките можат да се кријат во кеса од замрзнат зеленчук. Ниту едно дете нема да каже: „Еј чекај да видам што има во оваа кеса грашок“, нели? Нејзините фотографии станале прилично популарни на социјалните мрежи и многу родители ја пофалиле за добриот совет.