Нема дете на кое не му кажале дека ако јаде моркови ќе биде брз како зајак, или дека ако пие кафе ќе му израсне опавче.

Родителите понекогаш кажуваат „бели лаги“ за да ги заштитат или подучат децата. Но, оваа мајка тргнала чекор напред и нашла „посовремен“ начин како да се справи со палавите деца.

Џесика Дентермод, мајка од Масачусетс, се најде во ситуација со која сите можеме да сочувствуваме: време е за спиење но децата не ни помислуваат да си легнат. Во обид да ги смири децата таа смислила креативна идеја во врска со нивните нови пижами кои светат во мракот.

Како светлечките пижами да продолжат да светат ноќе? Според Џесика треба да легнете под светлото и да ги „наполните“, генијално.

На фотографијата, можете да ги видите нејзините две девојчиња, тригодишната Ханелоре и четиригодишната Ема, кои зјапаат во таванот и не мрднуваат од место за да ги наполнат пижамите.

Сепак колку и да ни изгледа на моменти сурово и смешно, понекогаш родителите мора да најдат начин за да се справат со децата. Што мислите вие?

Сподели на Facebook
пати видено