Мариам Биби има ихтиоза, која ја прави нејзината кожа исклучително сува и ронлива. Поради тоа изгледа како нејзиното лице да е прекриено со крлушки и затоа мајката на Мириам и го дала прекарот „сирена“.
Нејзините родители Маира Биби и азмат Кхан поминуваат 4 часа дневно во навлажнување на лицето на девојчето и им се расипале две мажини за перење алишта поради тоа што ги користеле премногу често за да ја одржуваат облеката и постелината на Мариам чиста.
Младата 21-годишна мајка не работи за да се грижи за Мириам и вели дека тие се помириле со љубпитните погледи од луѓето и ја сакаат Мариам најмногу од се на светот. „Сакам да мислам дека е како сирена, поради изгледот на нејзината кожа и колку се нежни излупените парчиња. И покрај тоа што изгледа различно, тоа беше љубов на прв поглед, не очекував да ги има овие проблеми, но не можам и да го замислам животот без неа. За мене таа е прекрасна.“, вели Маира.
Секое утро Мариам мора да се капе најмалку еден час и Маира и става различни видови на сапун и средства за да и омекне вишокот на кожа и да се излупи. Исто така на кожата на Мариам мора да се нанесува многу вазелин за да не се распука.
„Нејзината кожа е многу потенка сега и благодарение на нашата навлажнувачка рутина тоа е помалку забележливо. Кожата и расте многу побрзо од нормалното, толку брзо што создава слој, се лупи и се враќа повторно. Кога нејзината кожа ќе почне да се лупи добива потемна боја и станува подебела пред да се подели на парчиња. Таа имаше пукнатини низ нејзината кожа но сега се навикнавме постојано да ја одржуваме нејзината хидратација.“, вели Маира.
Се уште нема лек за болеста на Мариам, но со помош на одредени средства и поддршката од нејзините родители девојчето би можело да има нормален живот.