Мајката на четири деца чијашто зависност отишла дотаму што пиела 24 конзерви Ред Бул дневно, вели дека од лошата навика успеала да се излечи со помош на хипноза. 31-годишната Сара Ведерхил станала толку многу зависна од енергетскиот пијалок што ѝ кажале дека ако нагло престане со употребата на Ред Бул, би можела да претрпи удар, бидејќи телото ѝ било навикнато на кофеин. Студентката по право секоја година трошела по 5.460 фунти, почнувајќи од 2009 кога се навлекла на Ред Бул.
Нејзината навика се влошила за време на следната година кога завршувала со студиите и со помош на пијалокот се одржувала во будна состојба за да ги подготвува испитите. Наскоро станала толку зависна што не можела да стане од кревет, освен ако не знаела дека ја чека Ред Бул во фрижидерот. Станала летаргична, депресивна, чувствувала нарушено срцебиење и постојано се чувствувала вознемирено како што нејзината навика која ја чинела 105 фунти неделно почнала полека, но сигурно да излегува од контрола.
Најпосле решила да стори нешто во врска со нејзиниот проблем откако увидела дека постојаната потреба за Ред Бул тешко го загрозува нејзиното здравје. Тврди дека се излекувала само со една посета на хипнотерапевт и сеанса во траење од педесет минути.
Ред Бул, енергетскиот пијалок чијшто слоган гласи „Ред Бул ви дава крилја“ е производ на компанија од Австрија и претставува најпродаваниот енергетски пијалок во светот. Пијалокот бил одобрен од Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) и во 2013 биле продадени над 5 милијарди лименки. Но, пијалокот жестоко бил критикуван поради високото ниво на кофеин кое го содржи, при што лименка од 250 милилитри Ред Бул содржи 80 милиграми кофеин.
Според едно истражување од 2005 година се утврдило дека смртоносната доза кофеин изнесува 5 грама. Ведерхил секој ден внесувала 1.92 грама кофеин, приближно половина од смртоносната доза.
За сеансата на хипноза вели дека се чувствувала како парализирана; чувствувала чешање, но не можела да се почеша. Но сепак тврди дека хипнозата ѝ влеала многу сила и самодоверба помагајќи и да се справи со неверојатната зависност.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.