Една мајка открила како таа ја преполовила тежината со цел да не го посрфамоти нејзиниот син на неговата свадба.
48-годишната Клер Хауард од Ваун Вен во Свонси, Англија секогаш се борела со нејзината тежина, но кога нејзиниот син Лук ѝ соопштил дека ќе се жени таа не сакала да тежи 140 килограми за големиот ден.
Таа одлучила да се приклучи на „Slimming World“, правела поздрави верзии на нејзините омилени јадења и повторно почнала да вежба карате како што правела во младоста. За 15 месеци од 140 успеала да дојде на 70 килограми и сега вежба 7 дена во неделата.
Говорејќи за своето патување, таа вели: „Почна затоа што мојот син се женеше и не сакав да го посрамотам затоа што бев толку голема. Кога беше свадбата во ноември јас изгубив 45 килограми и сите кои ги погледнаа фотографиите ме пофалија дека изгледам многу добро и мојот син беше горд. Не мислев дека ќе изгубам многу, но од 140 кг отидов на 70 кг.“
Клер која претходно не работела затоа што се срамела да оди на интервју поради нејзиното тело вели дека сега е спремна да се врати во канцеларијата. Исто така почнала напорно да тренира за да се пријави на европско првенство во карате кое ќе се одржи во Данска.