Мајка на две деца е убедена дека духот на детето кое го изгубила за време на бременоста го опседнува нејзиниот дом, откако на камера забележала како „призрачно лице“ гледа во нејзината 8-месечна ќерка, во колевката.
Мелиса Смит инсистира дека таа отсекогаш била скептик за паранормалното, но тоа се променило во септември 2016 година, кога трагичниот спонтан абортус довел до бројни морничави појави во нејзиниот дом, во Торонто.
Истата вечер кога таа трагично го изгубила своето дете, Мелиса тврди дека детска играчка случајно се свртела кон средината на дневната соба и почнала да свири музика и работите продолжиле да стануваат уште почудни. Од трескање на врати и шкафови, до чудно чукање на вратата од нејзната спална соба, Мелиса и нејзиното семејство честопати биле запрепастени од овие случувања.
„Мислев дека слушнав бучава на мониторот на мојата ќерка, па затоа кликнав на камерата, а Кристин забележа нешто што изгледа како бебе како гледа во креветчето. Лија се мрдаше и одеше кон аголот на креветчето, веднаш се качив горе за да ја земам. Истата ноќ кога видеото беше направено почна да се поместува кабелот на ламбата во мојата спална.“, вели исплашената мајка.
„Речиси изгледа како кукла на екранот, но ние немаме кукли во нашата куќа, само плишани играчки. Една недела пред тоа да се случи ова, мојот сопруг и јас бевме во дневната соба кога слушнавме како нешто падна во празниот кујнски мијалник. Тоа беше капакот од чашката на нашиот син, која мојот сопруг претходно ја ставил на еден метар од мијалникот. Исто така направи гласен звук како да беше фрлена. Бев скептик долго време, но после ова верувам дека има дух во мојата куќа. Дали е духот на детето што го изгубивме? Ќе оставам некој друг да одлучи.“, додава Мелиса.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.