Според високо свештено лице на римокатоличката црква, прогласувањето на Мајка Тереза за светица е закажано за септември 2016. Архибискупот Салваторе Фисикела е цитиран од италијанските медиуми дека папата Францис ќе ја канонизира познатата монахиња и добродетелка.

Од друга страна, портпарол на Ватикан изјави дека „канонизацијата сѐ уште не е одобрена и е `сѐ уште прерано да се зборува за овој датум`. Прославата на сеќавањето за Мајка Тереза е закажано за 5. септември 2016 како дел од јубилејната програма. Физичела изјави дека таа ќе биде прогласена за светица ден порано, на 4. септември.

084601ff7aa15beb698db731bef21eb5aa5132b6

Самата канонизација ќе бара планирање, со оглед на тоа дека при церемонијата на беатификација на Мајка Тереза во 2003, во Рим дојдоа 300.000 поклоници. Беатификацијата претставува прв чекор кон прогласувањето за светец.

Мајка Тереза во целиот свет е позната по нејзината добротворна работа во Калкута, Индија. Во 1979 година стана добитничка на Нобеловата награда за мир за нејзината работа со сиромашните, болните, старите, беспомошните и осамените во еден од најголемите градови во Индија.

Сепак, дури и најдобрите дела имаат свои критичари. Австралиската феминистка Жермен Грир ја обвини за наметнување на католицизмот врз ранливите, нарекувајќи ја „религиски империјалист“.

Сподели на Facebook
пати видено