Меѓународно реномираниот фотограф Ени Ванг, од Тајпеј, Тајван, одлучила дека стереотипната слика за мајката и детето нема да функционира за неа.
Таа смета дека мајчинството е долго и комплексно патување, кое треба да биде проследено со жртва и несебичност. Таа гледа паралели помеѓу мајчинството и нејзината работа како уметник, создавајќи нешто ново и негувајќи го низ различни фази на постоење.
„Мајката е како уметник кој ја врши својата работа додека се повикува на сопствената мудрост. Мајката не само што создава живот, туку постојано создава континуирана и течна матрица на искуства меѓу мајката и детето.“, вели Ени.
Нејзината серија на фотографии „Мајка како Создател“ е обид да се претстави фузија на уметникот и мајката, прикажувајќи ја неа и нејзиниот син во различни слоеви како што детето расте.
„Секоја година јас и мојот син правиме семејна фотографија, а наредната година правиме повторно фотографија до фотографијата од претходната година. Затоа, различни слоеви на мојот син и мене се појавуваат на иста површина по долга акумулација на детали и текстура.“, додава Ени.
Резултатите се неверојатни и допреа многу срца низ целиот свет. Нејзиниот сега 18-годишен син е горд и среќен што порасна со неверојатната уметност на неговата мајка, која ќе продолжи да го прави тоа и во иднина!
2001 – „Еден ден пред да се породам“
2002
2003
2004
2005
2006
2010
2011
2014
2018