Постојат неколку моменти во животот што никогаш не сакате да ги заборавите и благодарение на технологијата денес сѐ е лесно да се сними или фотографира за да можеме да го гледаме повторно и повторно.
Сепак оваа идна мајка ќе сака да го гледа видеото повторно само за добро да се насмее.
Попи Шепард која е во 30-тата недела од бременоста забележала дека нејзиното бебе почнало да се движи во стомакот и решила да го сними тој магичен момент. За жал, убавата сцена имаше помалку од привлечен звук.
Бебето се движи во стомакот, а Попи го снима магичниот момент се додека нејзиниот сопруг Абрахам Дег не ја уништи работата. Фактички тој е во тоалетот, до додека неговата сопруга го снима убавото суштество во стомакот, тој исфрла некакво суштество надвор и не се двоуми да искаже колку му е „тешко“.
Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.