Родителите почнаа да ѝ завидуваат на Лиза Диното од Флорида откако таа се пофали дека била да го прослави првиот ден во училиште на нејзините деца така што сама го посетила светот на фантазијата, Дизниленд.
Таа и нејзиниот сопруг повеќе пати во годината го посетувале Дизниленд заедно со своите два сина, но овој пат посетата била посебна.
Дизни фанатикот и поранешна адвокатка, носела и брош на кој пишувало зошто е таа таму. Секако затоа што го слави првиот училишен ден.
„Ова мои пријатели. Ова се прави кога ќе ги оставите вашите деца на првиот училишен ден. Си земате брош и се шетате низ Магичното кралство како да сте на светска авантура.“, напишала Лиза.
„Тие беа возбудени за нивниот прв училишен ден и јас бев возбудена сама некое време. Времето за да ги соберам од училиште дојде брзо и сите се забавувавме во споделувањето кој како си го поминал денот.“, додава Лиза.