Брод на руската морнарица бил потонат од страна на морж, затоа што премногу се доближил до младенчето.
Северната флота, заедно со руското географско друштво, пловеле на експидиција по Франц Јозеф областа, на влечениот брод Алтај, но користејќи помали бродови за да одат на брегот.
Морнарите морале да избегаат од брод откако женка, морж го нападнала бродот, затоа што премногу се доближиле до нејзиното младенче. Од географското друштво изјавиле дека бродот бил целосно потонат. Во извештајот на географското друштво се вели: „Таа веројатно го стори тоа, плашејќи се за нејзиното младенче. Бродот потона, но трагедијата беше избегната благодарение на јасните активности на водачот на одредот. Сите учесници безбедно стигнаа до брегот.“
Во верзијата на војската едноставно се вели дека моржот ги нападнал и дека „сериозните проблеми биле избегнати благодарение на јасните и добро координирани активности на воените службеници на Северна флота. Руската морнарица и географското друштво спроведоа експедиција за следење на чекорите на австро-унгарскиот истражувач Јулиус фон Пејер, кој го откри архипелагот во 1873 г., именувајќи го по царот Франц Јосиф Први.
Географското друштво претходно известуваше за сеприсутна опасност на Арктикот, нејзините предатори и брутално ладни услови. Моржовите можат да станат брутално агресивни и ваквите случаи за уништување на бродови се добро забележани во експедитивната литература.