Мојра Брејди уживала во својата градина во Глазгов, Шкотска, кога забележала две мачки како се тепаат на нејзината трамбулина. 45-годишната жена сакала да ги избрка и притоа една од мачките ја гребнала за раката.
Мајката на две ќерки не обрнала внимание и мислела дека е обична гребнатинка, но наредниот ден раката почнала да ѝ отекува и прстите и станале сини. Тогаш се упатила во болница. Фотогафиите што ќе ги видите подолу не се луѓе со „слаб стомак“.
Жената всушност добила смртоносна Метицилин резистентни стафилококус и стрептокока А. Поради ова жената изгубила еден прст од левата рака и вели дека ова навидум несериозна повреда ѝ го уништила животот. Сепак лекарите велат дека имала среќа што воопшто останала жива.
Хирургот кој ја оперирал вели дека доколку Мојра не побарала помош толку брзо за една недела ќе била мртва. Нејзините бубрези почнале да откажуваат бидејќи инфекцијата се ширела низ нејзиното тело.
„Лекарите првин отсекоа половина од мојот прст, а потоа и целиот. Инфекцијата помина низ моето тело. Рекоа дека сум можела да умрам или да ми ја исечат целата рака. Хирургот остана пет и пол часа по неговата смена за да го спаси мојот живот и морав да примам трансфузија на крв. Тој ми рече дека сум имала многу среќа. Голем број на луѓе со кои разговарав не можеа да поверуваат дека ова ми се случило од гребнатинка од мачка. Ова ми го уништи животот. Сега не можам да правам ниту секојдневни работи како да пример да извадам храна од релната.“, вели Мојра.
Мојра сѐ уште ја очекуваат неколку третмани и голем број на лекарски прегледи пред да бидат сигурни дека нејзиниот живот повеќе не е во опасност.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!