Мајка денес признала дека сака да ја продаде невиноста на својата 13-годишна ќерка на богат човек. Руската полиција уапси жена именувана како 35-годишна Ирина Гладкик, агент за недвижнини и нејзината пријателка, откако претходно била спроведена истрага од страна на детективи.

Двете жени патувале со малолетното девојче во Москва за да ја продадат нејзината „прва ноќ“ на „богат клиент“ за 21.500 евра. Во шокантно видео објавено од руското Министерство за внатрешни работи мајката признава за време на нејзиното „испрашување“: „Во 7:35 часот, јас и мојата ќерка заминавме во Москва. Дојдовме во Москва за да запознаеме еден богат маж, со цел да добиеме финансиска помош за обезбедување на сексуални услуги од мојата ќерка.“

Додека нејзината 25-годишна пријателка признава дека целта била „продажба на правото да ја има првата ноќ со девојката.“ Мајката и нејзината пријателка биле уапсени во еден ресторан во Москва. Мајката не знаела дека станува збор за полицајци на тајна задача и без проблем признала зошто таа и нејзината ќерка се тука, во склоп на „договор за согласност“ за да ја продаде невиноста на нејзината ќерка.

Таа била притворена откако добила готовина за малолетната девојка да има секс со богат бизнисмен, за околу 21.500 евра. Девојчето било однесено во болница, а потоа го ставиле под заштита. Во извештаите од полицијата стои дека Ирина, која има и син и нејзината пријателка заработуваат за живот така што „ги продаваат сопствените тела.“ Ирина била поранешна натпреварувачка на натпревар за убавина во Чељабинск.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено