Семејните фотосесии обично вклучуваат совршено облечени деца и родители со големи насмевки на лицата. Не се случува баш често на фотосесија да има човечки црева и бебе-зомби кое ги јаде.
Сепак станува збор за една фотосесија на татко и ќерка, која во исто време е морничава, но и интересна.
Фотографката и медицинска сестра Тифани Ренфро, од Дотан, Алабама, има талент да опфаќа убави моменти помеѓу саканите. Од новороденчиња до младенци, мајката на 3 деца, Тифани ги има поминато сите. Сепак кога дошло време да ѝ направи фотосесија на нејизната 11 -месечка ќерка Оукли, Тифани сакала нешто поразлично.
Бидејќи нејзиниот сопруг Даниел обожава хорор филмови, а сега е таква сезона, Тифани решила да им направи фотосесија во тој дух. Таа вели дека ниту едно дете не било преплашено за време на процесот и сите биле навикнати на вакво нешто, единствено малата Оукли се вознемирила кога не ѝ дозволиле да ги изеде сите „црева“.