Сара Хегарти, 26-годишна мајка од Перт, Австралија и нејзиниот сопруг Арон Шо, имаат полни раце работа со 2 мали ќерки и 4 самоједи. Според нив чувањето мали деца и кучиња заедно е извонредно, понекогаш заморно, но е весело и пријатно искуство.

Ова необично семејство претставува добар пример како да се справиме со предизвиците секојдневно, благодарение на љубовта, грижата, љубезноста и одличната смисла за хумор!

Како започнала приказната

Сара сакала да чува самојед уште кога била дете, но успеала да си го оствари сонот дури кога добила свој дом. Таа работи како професионален фризер за кучиња, така што освен што се грижи за нејзините 4, секојдневно „се дружи“ со многу други кучиња. Сара и нејзиниот партнер првин имале 2 самоједи кои ги земале пред 5 години, но потоа нивното семејство се проширило.

Семејството станало поголемо

Сега Сара и Арон имаат 2 ќерки, 1-годишната Лајла и 10-месечната Руби. Ницните кучиња Артур и Аурора имаат 5 години и Шимер и Себастијан имаат 1 година. Се чини дека девојките имаат добра врска со кученцата и трошат многу време заедно да играат и да се забавуваат. Инстаграм профилот на семејството е полн со прекрасни снимки кои покажуваат топла врска што ја имаат девојчињата и кучињата. Тие често знаат да влезат и во нивните кафези.

Кучињата ја научиле Лајла да оди

„Лајла научи да оди така што нежно ги држеше кучињата за нивното крзо и ги следеше околу куќата. Таа „краде“ храна за нив, спие со нив, читаат заедно, прават скоро сѐ заедно.“, вели Сара.

Секој друг родител најверојатно би бил загрижен за подигање на мали деца заедно со кучињата, но Сара, која исто така е експерт за тренирање на кучиња, е сигурна дека нема ништо за што треба да се грижите ако сте одговорни родители и доволно добро ги познавате темпераментите на кучињата. „Никогаш не планирав да имам толку многу“, вели Сара. „Донесувањето ново кученце во куќата не е проблем ако се вложат обуки и напори. Ние ги знаеме темпераментите на нашите кучиња и никогаш не се грижевме за нив.“

Па што е тајната на ова неверојатно семејство? Нивната тајна е љубовта! Сара, исто така, помага во спасувањето на запоставените или оставените самоједи во Перт, така што од време на време можете да видите 5 или 6 кучиња на нејзините слики од Instagram.

Нема сомнение дека ова големо семејство е исполнето со голема љубов! Најубавиот дел од оваа приказна е веројатно фактот дека децата израснати во едно таков грижливо семејство ќе имаат вродена љубов и одговорност кон животните и природата.

Сподели на Facebook
пати видено