Понекогаш мајките знаат да бидат такви, кога ќе ве боли главата или кога ќе сте поспани да ви кажат дека сте „урочени“, но оваа мајка сосема погрешно ги сфатила знаците на нејзиниот 10-годишен син и тука хумористичната страна од ситуацијата не важи.
Алисон Меклајн, од Дамфренс во Шкотска, го гледаше нејзиниот 10-годишен син Џек како од дружељубиво дете преминува во „опседнато од ѓаволот“ со загрижувачки испади во ноќта. Џек развил и неколку фобии вклучувајќи и страв да стапне на измет од гулаб. Тој еднаш земал и нож и си го ставил на грлото, а притоа манијакално се смеел.
Биле потребни 4 месеци за да сфати психијатарот дека Џек има ПАНДАС, што претставува збир на состојби што резултираат со воспаление на мозокот. Алисон и нејзиниот сопруг Нил сега ја споделуваат приказната на Џек во обид да ја подигнат свеста за ретката состојба, позната како детско автоимуно невропсихијатриско нарушување.
Алисон за прв пат се загрижила за благосостојбата на нејзиниот син кога станал неверојатно вознемирен уште во јануари 2018 година.
„Една сабота требаше да игра на фудбалски турнир, но тој беше целосно презаситен од вознемиреност и не можеше да влезе во зградата. Кога се вративме во автомобилот да се вратиме дома, тој постојано се извинуваше одново и одново. Тој велеше: „Јас не заслужувам да имам пријатели“ и „не заслужувам да играм фудбал“. Тогаш тоа стана: „Јас не заслужувам да живеам“. Тој рече: „Кога ќе се вратиме дома, ќе ја соблечам облеката и ќе седнам надвор додека не замрзнам до смрт“. Бевме навистина шокирани бидејќи тој никогаш не кажал нешто слично.“, објаснува Алисон.
Потоа момчето се опседнало со помислата дека сака да умре и почнало да биде агресивно кон своите родители, а особено кон својата мајка. Алисон раскажува како еднаш ѝ се качил на вратот и почнал да ја гуши. Момчето лаело како куче и зборело со чуден глас кој не звучел како неговиот. Најпрвин тестовите не покажале дека има аутизам или некоја друга слична болест и тогаш неговата мајка си помислила дека можеби навистина е опседнат.
Сега кога ја препознале болеста родителите се обидуваат да се борат со неа бидејќи е премногу ретка и нема соодветни третмани за истата. Според некои истражувања болеста исчезнува кога децата ќе станат тинејџери бидејќи имунолошкиот систем се подобрува, но тоа не е сигурно.