Трејси Диксон од Јужен Јоркшир бара полицијата да ѝ исплати 200.000 евра затоа што поранешен полицаец ја шпиунирал така што го злоупотребувал хеликоптерот за злоупотреба на службена должност.
52-годишниот Адријан Погор гобил казна затвор од 1 година во 2017 затоа што бил фатен како го злоупотребува хеликоптерот и снимал и сликал моменти од приватните животи на луѓето. Тогаш имало и има фотографија од Трејси.
На таа фотографијата, мајката на 3 деца била во нејзната градина со двете ќерки. Сите три се сончале, но нејзините ќерки имале бикини, а Трејси се сончала гола.
Сепак сега Трејси верува дека ова не е единствената фотографија од неа, која ја направил Адријан и затоа ја тужи полицијата, за нарушување на нејзината приватност.
Службеникот, кој е опишан како „опседнат со се*с“ служел во единицата за поддршка од воздухот на полицијата во Јужен Јоркшир и, наводно, бил член на клуб за „свингери“. Трејси вели дека го забележувала хеликоптерот три до четири пати неделно во период од неколку години.
Адријан користел моќен објектив кој може да прикаже регистарски таблички од 3 километри и на овој начин ја фотографирал 54-годишната поранешна манекенка и нејзините две млади ќерки.