Кучињата се дел од семејството. За да ви докажеме колку се неверојатни кучињата ви ја претставуваме оваа фотосесија, која освен породувањето, како еден од најубавите моменти во животот, ја опфаќа и љубовта која ја имаат кучињата за нас луѓето.
Кристин Ванер, фотограф од Одеса, Тексас, била задолжена да го фотографира домашното раѓање на четврто дете на едно младо семејство. Кристин веќе ги фотографирала двете претходни породувања на мајката Брук и знаела дека ова ќе биде уште еден посебен момент, но не очекувала ваква рекација на нивното куче, Ренџер.
Тој не се одвојувал од жената и бил со неа во секој дел од породувањето. Дури кога ги уредувала фотографиите Кристин сфатила колку голема улога играло кучето во целата фотосесија. „Тоа не е нешто што го гледате секој ден. Секој момент кога го видов во интеракција со Брук, се обидов да направам колку што е можно повеќе слики. Знаев дека ова е посебно.“, вели Кристин.
Брук родила здраво девојче на кое ѝ го дале името Беркли. Ова е првото девојче во семејството, со што е и единствената „сестра“ на Ренџер.