Мајка која претрпела шест пометнувања им оддава почит на своите починати бебиња во драматична фотосесија која е прослава на пристигнувањето на нејзиното бебе-виножито“. 36-годишната Џесика Махони и нејзниот 40-годишен сопруг Кевин мака мачеле со плодноста по раѓањето на нивното прво дете, четиригодишниот Корбин. За да го прослават доаѓањето на свет на нивното второ дете кое го очекуваат во ноември, двојката од Конектикат, САД, решиле да го одбележат секое пометнување со димни бомби за да постигнат виножито ефект.
Чесика, која работи во детски медицински центар, вели дека сакала да им помогне на другите споделувајќи го среќниот исход на нивното „мрачно и осамено патешествие“.
„Изгубив шест бебиња, за на крај да ја имам честа да го носам ова бебе-виножито“, им кажала Џесика на семејството и пријателите. „Се надевам дека мојата приказна ќе помогне некому за да знаат дека не се сами, бидејќи загубата и неплодноста се мрачно патешествие.“