Оваа мајка предизвика лавина негативни реакции кога во 2016 година беше фотографирана додека била во несвест во нејзиниот автомобил со шприц во раката, додека нејзиниот син е на задното седиште.
Но, Ерика Хурт си ја сфатила својата огромна животна грешка и решила да ги поправи работите и сега слави 3 години без дрогата.
28-годишната жена објавила фотографии на социјалните мрежи на кои напишала дека е премногу среќна што добила втора шанса во животот и што победила во ужасната битка со хероинот. Жената од Индијана во 2016 година била проморана да остане 6 месеци во установа за рехабилитација, а потоа и самата одлучила целосно да се откаже од дрогата.
Нејзиниот син Паркер кој во 2016 бил на задното седиште имал само 10 месеци кога таа се предозирала. „Прво започнав кога имав 18 или 19 години“, откри Харт. „Цело време го користев, освен девет месеци кога бев бремена“. Таа вели дека станала уште поголем зависник од дрогата откако нејзиниот татко починал кога имала 22 години.
Таа вели дека благодарени на лекот Наркан, кој е наменет за оние кои преживеале предозирање, нејзиниот живот бил спасен и сега таа може да живее нормално со нејзиниот син. Таа вели дека научила да ги цени работите во животот и дека ќе продолжи да се бори без да се осврне кон дрогата.