Една разочарана мајка решила да преземе нешто кога дознала дека нејзината ќерка малтретира другарка на училиште.
Аманда Мичел, од Њуфаундленд, Канада, ја испразнила собата на нејзината 9-годишна ќерка и ѝ го оставила само креветот и еден пар облека.
„Таа нема ништо. Добредојдовте во малолетничкиот центар за притвор на мама.“, напишала мајката на Фејсбук. Потоа таа објаснила дека нејзината ќерка ќе треба да ја носи истата облека цела недела на улиште заедно со маица за „против училишно малтретирање“, затоа што ја задевала нејзината најдобра пријателка.
„Ќе ѝ ја исперам облеката навечер кога ќе си легне, но нема да ѝ го кажам тоа.“, додала Аманда. Таа, исто така, открила дека секој ден оваа недела нејзината ќерка ќе треба да ја напише, по 50 пати секоја, фраза: „Јас нема да лажам“, „Ќе бидам добра кон сите“, „Ќе се однесувам добро на училиште“, „Јас сум одговорна за моите дела“.
Аманда добила повик од учителката на нејзината ќерка која ѝ кажала дека девојчето е непристојно на часовите, лута по ходниците кога треба да е на час, ги лаже наставниците и ја навредувала и малтретирала нејзината најдобра пријателка.
Мајката не верува дека нејзината казна е премногу строга: „Ако таа порасне и го прекрши законот, тогаш резултатот е затвор, а тоа не е она што го сакам за моите деца. Мислам дека проблемот со оваа генерација е несоодветна казна. Казната е лоша, треба само да користиме позитивно засилување и да го игнорираме лошото однесување – НЕ во оваа куќа.“
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.