Мајка ја моли својата 17-годишна ќерка да се врати дома откако се раширила веста дека убавицата од својата родна Русија одлетала во Дубаи за да ја продаде својата невиност за 11 000 евра. 17-годишната Ана Фешченко која победи на Мис Москва во јуни, отпатувала во Обединетите Арапски Емирати, тврдејќи дека тоа било награда од организаторот. Но, нејзините пријатели го одрекоа тоа и кажаа дека нејзината вистинска намера била да се вработи во агенција за придружнички која би ја понудила нејзината невиност на арапските клиенти. Со тоа сакала да заработи за своето студирање во Москва.

gl01

19-годишната Катерина К, која ѝ правела друштво, избегала кога ја дознала вистинската намера на Фешченко. „Патував таму бидејќи Ана ме покани, велејќи ми дека тоа ѝ е награда за Мис Москва. За два дена имавме скандал кога ја дознав вистината. Ѝ кажав дека нема да останам таму и дека ќе си заминам дома. Не ми е потребна таква работа.“

gl02 gl03

Родителите на Екатерина – кои долетале во Дубаи за да ја доведат нивната ќерка дома – ја информирале и мајката на Ана која ја повикала и руската полиција да помогне.

„Мислам дека мајка ѝ има право да знае. Во Емиратите е привилегија да си девица. Мислам дека Ана се импресионирала од парите кои може да ги добие за тоа.“

gl04

Таа тврди дека Фешченко веќе не живее во хотелот во кој престојувале, туку дека сега е во стан заедно со други две девојки од Источна Европа кои биле подготвени на тоа да работат како придружнички. Пријателките се обидувале да ја разубедат Ана, посочувајќи ѝ на сите опасности од таквиот начин на живот. Полицијата вели дека не може да стори многу, бидејќи таа ѝ дала формална дозвола да патува во Дубаи, па според тоа случајот не може да се третира ни како бегство од дома, ни како киднапирање.

gl05

Сподели на Facebook
пати видено