Жена која себе сака да се нарекува „елитна придружничка“ ги откри луксузите што нејзините партнери ѝ ги подаруваат откако се придружила на „дарежлива“ страница каде што млади жени се запознаваат со постари богати мажи.
31-годишната Талита вели дека заработува 70 000 долари годишно од милионерите со кои излегува.
Мајката на две деца која живее во Пенсилванија открива дека ужива во одмори во хотели со 5 ѕвездички и подароци во готовина до 10.000 американски долари месечно кои ѝ ги овозможуваат мажи двојно постари од нејзината возраст. Талита работи како мотивационен тренер и „охрабрувач на жени“.
Таа веќе три години не е во врска, откако раскинала со таткото на нејзините деца, 10-годишниот Невал и 5-годишниот Кинг. Талита вели: „Излегувам со мажи на возраст меѓу 35 и 72 години, од кои неколкумина беа милионери, а други се движеа од банкарски инвеститори до брокери до извршни директори до сопственици на мали бизниси“.
Таа додава дека запознавањето со мажи кои можат да ѝ бидат дедовци е „интересно“. Освен парите кои редовно ги добива Талита еднаш добила и подарок семеен празник на Флорида за своите деца и мајка ѝ како Божиќен подарок.
Таа исто така го имала тој луксуз да отпатува заедно со пријателка во луксузно одмаралиште во Јамајка, една недела. Оваа патување чинело 20.000 долари.
Откако ќе договири состанок со богатите мажи на страницата преку телефонски повик или Skype, Талита обично развива блиска врска со нив и продолжува да прима луксузни подароци. Таа исто така држи часови „подучувајќи“ други жени како да направат „совршен профил“ за да пронајдат вакви мажи, како да препознаат измамници и како да се однесуваат.