Мајка останала преплашена откако повторно го погледнала видеото во кое нејзиниот син вози велосипед пред стар замок во Англија. На еден од прозорците на замокот стоел дух од Викторијанската ера. 41-годишната Луиз Лентон го снимала 5-годишниот син пред Олдвеј замокот, имот кој датира од 19-тиот век.
Луиз од Девон изјавила: „Јас и сопругот заминавме во различни правци, тој отиде да ги прошета кучињата во полето, а јас го земав мојот син да вежба возење велосипед на паркингот. Паркингот е рамен и совршено место за тоа. Јас само го снимав и тоа беше тоа. Го забележав сеништето кога се вратив дома и го гледав видеото во кревет. Изгледа како дама со коса во пунџа…“
Жената се обратила до Советот на Торбеј за да дознае повеќе за мистериозната личност, но од таму и кажале дека на денот на кој го снимила видеото во замокот биле само чуварите. Таа додаде: „Тоа сигурно не е чувар од она што можам да го видам. Изгледа облеката што ја носи жената има бели манжетни и изгледа викторијански. Би сакала да знам која е или што е.“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.