Децата деновиве запрепастуваат со нивните телефони, нивните селфиња, игрите и социјалните мрежи, не дека и ние останатите не попримивме, но сепак.
Една мајка на потешкиот начин научи дека не треба да им се дава мобилниот телефон на малите деца, затоа што може да ви пристигне неочекуван „мал подарок“.
Во обид да ја смири нејзината ќерка Рејна, мајка-на две деца Изабела Мекнил ѝ го дала телефонот, откако претходно го барала за да се игра со него. Претходниот ден Изабела си разгледувала на Амазон, но не се надевала дека нејзината 2-годишна ќерка ќе ја донесе одлуката наместо неа.
Девојчето влегло во апликацијата на Амазон и си порачало кауч. Нејзината мајка не сфатила што направило детето се додека еден ден додека била на работа не ѝ стигнала порака „вашата нарачка е доставена“. Рејна си порачала кауч од 430 долари, кои секако биле одбиени од сметката на нејзината мајка.
Изабела брзо сфатила дека ова е дело на нејзината ќерка: „Научена лекција. Сега знам дека е навистина опасно и [треба] да се уверам дека апликацијата Амазон е затворена пред мојата ќерка да го земе телефонот. Лесно е.“ Загрижената мајка тогаш се обидела да ја откаже нарачката, но наскоро дознала дека е предоцна, бидејќи каучот брзо пристигнал до нејзината влезна врата.
Според Изабела, кога прашала за враќање на средствата и враќање на мебелот ѝ било кажано дека ќе мора да плати надомест за враќање од 79 долари и уште 100 долари за да го испрати назад во Амазон. Тогаш таа сфатила дека е полесно да го препродаде каучот.