Елизабет Бојс изнашла креативно решение за спиењето на нејзините пет деца и сопругот инвалид. Уморна од тоа сите да не успеваат да се одморат доволно, а особено за време на семејните патувања кога морале да делат легло, Бојс решила да создаде „семеен кревет“ од делови достапни во ИКЕА.
„Веќе имавме двокатни кревети, но не ги користевме бидејќи децата ни спиеја на подот. Се обидовме да ги сместиме сите во една просторија и да направиме да изгледаат како еден кревет. Том е инвалид и постојано оди во болница, а мојот работен распоред знае да биде хаотичен, па така нашите деца едноставно спијат подобро кога сите сме на едно место.“