Жена, чијшто син го привлече вниманието на американските медиуми поради „неизлечивата болест“, па дури беше посетен и од кечерска суперѕвезда, беше уапсена поради обвинение дека на својот син му нанела сериозна штета. 40-годишната Данита Тут од Клиберн, Тексас, е обвинета за лажирање на здравствената состојба на нејзиниот 13-годишен син, подложувајќи го момчето на непотребни хируршки интервенции и лекарства. Една од таквите интервенции е поставување на катетар што подоцна довело до инфекција која му го загрозила животот.

ps01 ps02

Покрај тоа, таа е обвинета и дека го изгладнувала и не му давала да пие вода. Тут била уапсена во својот дом во областа Џонсон, Тексас. Нејзиниот син Колби и помладиот брат ѝ биле одземени. Четириесет и едногодишната жена дури веќе договорила и погреб за нејзиниот син, купувајќи му и ковчег.

ps03 ps06

Според психолошката проценка, жената е „личност болна по внимание којашто ужива во вниманието што го добива како мајка на болно дете.“

„Има основа за загриженост дека таа би можела да предизвика смрт на Колби, а постои загриженост и за безбедноста на неговиот брат“, пишува во извештајот.

ps08

Тутови се здобиле со внимание на американската јавност со „последната желба“ на Колби да присуствува на Реслманијата на стадионот AT&T. Потоа во март оваа година била поставена ГоФандМи страна, а кечерот Ерик Роуан неочекувано го посетил Колби во неговиот дом, додека Светската кеч федерација обезбеди лимузина да го довезе семејството на настанот.

ps07

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено