Малиот архипелаг од Магдаленските Острови во заливот на Свети Лоренс, во близина на брегот на канадската провинција Квебек, е дом на околу 12.000 луѓе. Речиси секој од нив е потомок на бродоломец.
Магдаленските Острови имаат долга историја на потонати бродови. Во 18 и 19 век, околу 500 бродови, станале жртви на песоците и плитките води на овие острови. Во тоа време немало светилници а мапите не биле прецизни. Тешки ветрови, магла и променливи води, направиле навигацијата да стане игра на погодување и умешност. Многу бродови, заедно со нивните патници потонале во водите. Оние кои преживеале избрале да го направат островот нивен дом.
Едно од најпознатите евидентирани бродоломи е бродот за имиграција „Чудо“ со кој биле транспортирани луѓе од Ирска во Канада. Капетанот на бродот H.H. Елиот освен што изразил писмена благодарност за спасувачите од Магдаленските Острови кои им помогнале, исто така упатил и критика поради тоа што немало светилник во оваа област. Иста таква слична критика 20 години пред инцидентот упатил и капетанот Едвард Бохер.
Поплаките конечно им биле слушнати и светилник бил изграден во почетокот на 1870 година. Денес има 6 светилници околу островите. Голем дел од потонатите бродови уште се наоѓаат на дното, но некои од нив можат да се видат и во близина на плажата. Голем дел од куќите на островот се изградени од дрвото земено од овие бродови. Црква стара 100 години е направена само од оваа дрво.
Денес поголем дел од населението зборува Француски, а само 550 жители зборуваат Англиски, тие се потомци на имигрантите од Англија, Ирска и Шкотска. Тие живеат прилично изолиран живот, особено во зимските периоди кога е невозможно да се дојде до копното со брод. Единствената комуникација со копното им е безжична телеграфска станица.