Во селото Галиче во близина на градот Бела Слатина, живеат 1300 луѓе од кои 2/3 се Роми. Локалниот тепач пред 25 години станал кмет на селото и никој не смее, а и не сака да го смени. Иако зад себе има 4 тешки кривични дела, меѓу кои и убиство, големо богатство и многу земја, сепак народот не сака да го смени. Причината за тоа е што бугарската полиција не се замара многу со селото Галиче, а кметот ако фати некој Ром да краде, лично го врзува за бандера и го остава да стои така и сите да му се смеат. Пред изборите ги води соселаните на групен одмор на море, а традиционално секој петок се пие на негова сметка во селската кафеана.

01

02

03

04

05

06

Сподели на Facebook
пати видено