Во 2017 година група непознати крадци упаднале во специјално обезбеден магацин во Фелтхем, Мидлсекс, во раните утрински часови на 30-ти јануари и избегале со 160 ретки текстови чувани во објектот. Според извештаите, крадците направиле дупка низ три прозорци од армирана стаклена волна, а потоа влетале низ отворите.

Некако тие успеале да ги избегнат напредните безбедносни системи за откривање на движење кои ја штитат внатрешноста на објектот во текот на овој процес и за време на часовите што ги поминале внатре. Од камерата за видео надзор се гледа како крадците поминуваат покрај скапи електронски производи и одат директно шест затворени метални ковчези.

Четири биле отворени и на снимката се гледало како крадците фрлаат на страна други ракиписи и бараат нешто специфично. Исто така тие проверувале листа додека барале по ковчезите. Откако ги пронашле текстовите, се вартиле по истиот пат по кој што дошле и потоа влегле во комбе кое ги чекало од другата страна на објектот.

„Не знам како знаеле дека се таму. Можеби тие ги хакирале нашите е-мејлови“, изјавил дилер со седиште во Италија, кој загубил околу 850.000 долари во книги за време на грабежот. Тој бил еден од тројцата дилери кои страдале од инцидентот, иако тој ја изгубил она што се сметаше за највредна книга на грабежот: копија од 1566 година „De revolutionibus orbium coelestium” („За движењето на небесните топки“) од астрономот Никола Коперник, која има проценета вредност од околу $ 267.000 долари. Книгата се смета за скапоцен камен на целата колекција.

Имало голем број други значајни текстови, вклучувајќи дела на Леонардо Да Винчи, Галилео, Исак Њутн, како и ретка верзија на Божествената комедија на Данте во 16-тиот век. Сите текстови биле упатени кон 50-тиот Саем на антички книги во Калифорнија.

Некои луѓе кои се заинтеренсирани за оваа поле шпекулираат дека ова е најверојатно работата на озлогласениот и високо мистериозен колекционер кој стана познат како „Астроном“. Се смета дека оваа кражба е поврзана со повеќето кражби низ Источна Европа и Русија на антички текстови и книги и дека истите се дело на мистериозниот колекционер.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено