Сопругата на мексиканскиот наркобос, Ел Чапо, живее луксузен живот, додека нејзиниот сопруг го чека своето судење во затвор во Њујорк. Ема Коронел, поранешна мексиканска мисица редовно го прикажува својот гламурозен живот на фотографии објавени на нејзиниот профил на социјалните мрежи.
Последните неколку месеци 29-годишната девојка објавила фотографии од себе во бикини, додека го „впива“ сонцето во Лос Кабос, а исто така ја покажала колекцијата од нејзините нови Прада чанти.
На една фотографија на Instagram, Ема, исто така, позира со нејзините ќерки-близначки, од кои секоја има своја дизајнерска чанта. Мајката на две деца заврши на насловните страни минатиот месец поради луксузната роденденска забава на темата „Барби“ за нејзините 7-годишни ќерки.
Мексиканците искажаа револт откако се појави веста за раскошната роденденска забава и ја обвинија Ема дека ги користи „крвавите пари“ на нејзиниот 61-годишен сопруг, од неговата империја изградена со дрогата.
Наркобосот моментално е затворен во затвор со висока безбедност во Њујорк по неговата екстрадиција од Мексико во јануари минатата година.
Тој е обвинет за 17 кривични дела, меѓу кои и за водење на екстремно опасниот картел за дрога Синалоа и за превоз на најмалку 200.000 килограми кокаин во САД од Мексико.
Ема, која се омажила со Ел Чапо во 2007 година има американско државјанство. Нивните ќерки Марија и Емали се родени во САД, но живеат во матичната држава Синалоа. Неговата сопруга и нивните две ќерки биле забележани на различни судски појавувања на Ел Чапо во Њујорк во изминатата година.