Во 1980-те, американската серија „Златни девојки“ беше популарна, но и револуционерна на некој начин, бидејќи главните ликови во неа беа секси, но и сексуално активни – постари жени. Кога играла премиерата на серијата во 1985 година, „девојките“ биле на возраст од 51, 62 и 63 години. И биле жешки. И си биле жешки на свој начин. Но денес никоја жена од Холивуд не би се дрзнала да шета наоколу изгледајќи како нив. Бидејќи едноставно во Холивуд веќе не е модерно да старееш нормално и природно.
Златната ТВ
Еве како во 80-те изгледале жените во нивните шеесетти години. Но ако денес ја гледате „Златни девојки“, можеби ќе си помислите дека овие жени се во нивните седумдесетти, или дури и осумдесетти години.
Денешниот холивудски стандард за жени во нивните шеесетти
Ова е Кристи Бринкли, и има 61 година. Воопшто не личи на Беа Артур, една од актерките во серијата.
Моќен матриарх
Во 1978, Барбара Бел Гедес имала 55 години и била една од најголемите ТВ ѕвезди. Таа ја играла Г-ѓа Ели, матриархот на моќниот клан Јуинг во серијата „Далас“, и ете како изгледала тогаш.
Политичка династија
Сигруни Вивер играше моќен матриарх во „Политички животни“ во 2012. Тогаш таа имаше шеесет и пет години, изгледајќи многу помладо од Мис Ели.
Мајстор во боречки вештини
Пат Морита имаше 52 години кога го натепа Кобра Каи во „Карате Кид“. Тоа беше во 1984 и тогаш беше ОК акционите ѕвезди да изгледаат како 50-годишни мажи. Но тие денови завршија.
Акционен херој
Еве како постарите ѕвезди изгледаат денес. Лајам Нисон има 62 години и требало уште одамна да престане да носи кожни јакни.
Секс симбол
Кери Грант имал 55 години кога играл во трилерот на Хичкок „Север-северозапад“ и бил сметан за исклучително згодна филмска ѕвезда во тоа време.
Секси ѕвезда
Харисон Форд игра во акциони филмови и има 71 година. Му претстојува улога во новиот „Војна на ѕвездите“.
Стари Легенди
Филмот „Што се случи со Бејби Џејн“ во кино салите се појави во 1962 година. Во филмот играа две од најголемите поранешни легендарни убавици на Холивуд, Бет Дејвис и Џоан Крафорд. При снимањето на филмот тие имале 54 и 58 години.
Актерски легенди
Оваа фотографија со Хелен Мирени Мерил Стрип била снимена во 2010 година. Мирен имала 64, а Стрип 60, и и двете изгледаат супер за нивните години.
Династија
Во 1984 година, сите жени сакаа да бидат како Џоан Колинс. Тогаш „Династија“ беше исклучително популарна серија во неа Колинс ја играше моќната, опасна и убава Алексис. Во тоа време таа имала 51 година.
Динамична
Џејн Фонда исто така играше моќна жена која се наоѓа на чело на корпорација во серијата „Соба за вести“. Оваа фотографија е од 2012, кога таа имала 74 години. Да, така е, Фонда е родена во 1937 година.