Вие не влегувате во пицерија и не барате бесплатна пица, само затоа што сте слушнале дека пицата таму е добра, или сигурно не барате бесплатна карта за фудбалски натпревар само затоа што навивате за некој тим.

Тогаш зошто некој би контактирал уметник и би му барал бесплатен цртеж, само затоа што го следи на Инстаграм? Звучи бесмислено, но голем број на луѓе го прават ова.

„Отсекогаш сум сакал да цртам, уште кога бев дете. Ја сакам уметноста и со тоа сакам да се занимавам. Цртав смешни цртежи од професорите и иако влегував во неволји, ги засмевав луѓето. Уметноста не се гледа како работа или кариера, туку повеќе е хоби во кое уживаш затоа луѓето претпоставуваат дека ќе бидеш среќен да го направи тоа доколку ти ‘откријат малку повеќе’. Би сакал да можев да цртам бесплатно, сум го правел тоа за хуманитарни настани и пријатели, но мора да ја финансирам мојата скапа ‘навика за моливи’“, вели уметникот Џон Артон од Бирмингем, Англија.

Џон добил толку многу барања за бесплатни цртежи што решил да почне да ги трола луѓето што го бараат тоа од него. Еве некои од неговите најѕверски (преведени) одговори:

 

 

 

 

 

 

Сподели на Facebook
пати видено