Постојат многу заблуди за различни држави и нации, кои всушност се погрешни. На пример, одамна сме навикнати на фактот дека во целиот свет веруваат дека во Македонија само се пие ракија, се јаде ајвар и се зборува за политика, но сите знаеме дека тоа не е точно… или чекај можеби е…
Како и да е корисниците на платформата Reddit одлучија да кажат кои предрасуди за нивните земји се целосно невистинити.
Монголија
„Не ние повеќе не живееме во јурти и не јаваме коњи.“
Шпанија
„Не секој во Шпанија танцува фламенко, борбата против бикови не е толку популарна како што многумина мислат. И ние не јадеме паела секој ден.“
„Не спиеме после ручек како што многумина мислат, единствени повозрасните луѓе го прават тоа.“
Естонија
„Луѓето мислат дека или сите ние сме Руси и зборуваме руски, или нашиот јазик и култура се многу слични на Русите. Сето ова е лага, повеќето млади луѓе едвај може да изговорат неколку пцовки на руски јазик. А постарата генерација го познава јазикот само затоа што во младоста живееле под советско владеење. Другите луѓе веруваат дека балтичките држави имаат заедничка култура и јазик. Естонскиот јазик е целосно одделен јазик, најтесно поврзан со финскиот и малку на унгарски (латвиски и литвански се во сосема поинаква јазична гранка).“
Етиопија
„Луѓето мислат дека сите ние тука сме гладни“
„Етиопија во моментов е една од најбрзо растечките економии во светот. Неодамна, жена стана прв претседател во историјата, а сега земјата се соочува со значително зголемување на инфраструктурата. Се разбира, руралните области сѐ уште се соочуваат со многу проблеми со медицината, исхраната и снабдувањето со вода, но во целина Етиопија се соочува со вистинско економско заздравување.“
Кенија
„Одеднаш некои луѓе решија дека во оваа земја живеат само диви животни и тркачи.“
Австрија
„Неверојатно е колку луѓе ги мешаат Австрија и Австралија.“
„Иако Австрија е позната по своите Алпи, не постојат планини во целата земја. Искрено ни е жал за Хитлер и што го натеравме целиот свет да мисли дека е Германец.“
Романија
„Сите веруваат дека само Ромите живеат во оваа земја, иако всушност тие сочинуваат околу 3% од населението.“
Перу
„Луѓето всушност мислат дека ламите живеат како домашни миленици. И дека живееме во колиби.“
Чешка
„Некои луѓе сé уште веруваат дека сме уште Чехословачка. Не, се распаднавме во 1993 година.“
Лихтенштајн
„’Чекај, што е ова? Дали е ова град?’- Не, ова е мала земја меѓу Швајцарија и Австрија. Единствено што може да се фалиме е тоа што половина од светот дури и не знае дека ние постоиме.“
Индонезија
„Туристите постојано мислат дека Бали е земја. Тоа е остров во Индонезија.“