На 16-ти ноември пристигнуваат „Lucky days“ – долго очекуваните денови на среќни купувачи во Нептун, кои традиционално се проследени со големи попусти и промоции на асортиманот. Од понеделник до среда, купете производи во Нептун по неверојатно намалени цени и одберете го начинот на плаќање кој најмногу ви одговара, дали е тоа плаќање во готово, со картичка или на одложено плаќање до 48 рати со Нептун haPPy кредит, преку инстант одобрување и подигнување на производите за само неколку минути.
“Во Нептун клиентите ни се секогаш на прво место. Затоа ја организираме оваа акција со цел да ги задоволиме нашите потрошувачи и да им ги доближиме најновите производи и технологии, со што ќе ги направиме достапни за сите. Преку намалените цени и најразличните начини на плаќање, секој ќе може да го купи саканиот производ и да го исплаќа на начин кој најмногу му одговара.” – изјави Горан Цветинов, заменик генерален директор на Нептун Македонија.
Малопродажната мрежа Нептун веќе 17 години е присутна на македонскиот пазар, во моментов е застапена со 19 продажни места во 17 градови во Македонија.