Еднаш една жена ги полевала своите цвеќиња, кога здогледала тројца старци пред градината.. Не ги познавала, но сепак им прозборела:

“Мислам дека не ве познавам, но ми се чини дека сте гладни. Ве молам влезете внатре и каснете нешто.”

Старците ја прашале:

“Дали вашиот сопруг е дома?”
“Не”, рекла таа, “не е.”
“Тогаш треба да си одиме”, рекле тие.

Вечерта кога нејзиниот сопруг се вратил, неговата сопруга му раскажала што се случило.

“Сега можеш да им кажеш дека се вратив и покани ги да влезат” рекол мажот и жената отишла да ги повика старците на вечера.
“За жал, не можеме сите да ја прифатиме вашата љубезна покана.” И рекле старците.
“Зошто не?” зачудено ги запрашала жената.

Еден од старците покажал на едниот старец и рекол:
“Неговото име е Богатство.”

Потоа покажал на другиот старец и рекол:
“А неговото е Успех.”
“Моето е Љубов.”
“Сега оди кај својот сопруг и заедно одлучете кого од нас тројца ќе поканите внатре.”

Жената се вратила дома и му раскажала се на својот сопруг.
Мажот пресреќен рекол:
“Супер! Покани го Богатство за да се наполни нашата куќа со се и сешто!”

Жената не била задоволна од неговиот предлог:
“Зошто да не го поканиме Успех?”

Разговорот помеѓу нив го слушала нивната ќерка и воодушевена рекла:
“Зар не е најдобро да го поканите Љубов? Нашиот дом би бил исполнет со Љубов!”

Го послушале советот на нивната ќерка, и мажот и рекол на жената:
“Оди и замоли го Љубов да биде наш гостин.”

Жената отишла и прашала:
“Кој од вас е Љубов? Молам нека дојде и нека биде наш гостин.”

Старецот „Љубов“ седел во инвалидска количка и тргнале кон нивната куќа. Другите двајца старци тргнале по него. Зачудена жената ги запрашала зошто доаѓаат и тие, кога ја поканила само Љубовта?

Старците во еден глас одговориле:
“Да го поканевте „Богатство“ или „Успех“, другите двајца ќе си одеа. Но, вие го повикавте „Љубов“ и каде оди тој, ние го следиме!”

ЗАКЛУЧОК:

Таму каде што има љубов, богатството и успехот сами доаѓаат!

Сподели на Facebook
пати видено