Во 1819 година британскиот офицер Џон Смит гонел тигар низ џунглата крај Мумбај, кога налетал на чудна пештера скриена во грмушките. Нешто во врска со влезот на пештерата му се причинило чудно и така тој решил да го напушти својот лов и да ја истражи пештерата подетално. Наскоро открил нешто што се чинело како украсни резби во парката. Но, не ни претпоставувал дека тоа е само почетокот.

Понатамошното истражување открило цел систем на светилишта и споменици издлабени директно во карпата. Овој систем се состоел од триесет различни пештери. Експертите веруваат дека биле изградени околу 200 пр. н.е. како прибежиште за будистичките монаси за време на сезоната на силни монсуни. Секоја од пештерите е уникатна, со свои интригантно дизајнирани влезови и ентериери. Пештерите биле напуштени во 7. век, но останале да бидат свето место за локалните жители. Но, она што најмногу запрепастува е градителската прецизност и раскошните детали на овие градби. Токму поради тоа и ден денес се плетат разни контроверзи и теории во врска со тоа како настанал овој локалитет.

 

ps01 ps02 ps03 ps04 ps05 ps06 ps07 ps08 ps09 ps10 ps11 ps12 ps13 ps14 ps15 ps16 ps17

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено