Пехарот Ринглемер е високо вреден артефакт што го открил ловец на богатство во Ринглемер Бароу археолошки локалитет во југоисточниот англиски округ Кент. Датирајќи од бронзениот период златниот пехар Ринглемер е најпознатиот пронајдок на локацијата.
Клиф Бредшоу го направил историското откриетие кога неговиот детектор за метал сигнализирал за злато додека ги скенирал полињата на Ринглемер Фарм во близина на историскиот град Сендвич во Кент. Во согласност со Законот за богатство од 1996 година, Бредшоу го пријавил неговото откритие.
Поради археолошкото значење, пехарот бил купен од Британскиот музеј за 270.000 фунти. Сумата потребна за купување на овој артефакт била соберена преку донации од Фондот за лотарија на наследство, Националниот фонд за уметнички колекции и Британскиот музеј Пријатели, а парите потоа биле поделени помеѓу Бредшо и семејството Смит, кое е сопственик на Ринглемер Фарм.
Пехарот која датира помеѓу 1700 и 1500 п.н.е., наликува на керамички ќуп од доцниот неолит (2300 п.н.е.) Според истражувачите, пехарот е направен од една грутка злато која била обликувана во посакуваната форма. За жал пехарот ја изгубил својата оригинална форма, бидејќи бил смачкан во одреден временски период, веројатно со неодамнешната активност на орање. Сепак, направени се 3D реконструкции на овој сад, за да можеме да имаме идеја за тоа како тој изгледал.
Се верува дека пехарот бил сместен во гроб, или до него. Во Британија постои само уште еден познат ваков пехар, пехарот Рилатон. Останатите, вкупно пет, се од други делови на Европа, имено Бретања во Франција, северозападниот дел на Германија и северна Швајцарија. Овие предмети се прилично ретки. Оваа реткост, исто така, за жал, придонесе за недостигот на знаење што го имаме во моментов за овие скапоцени предмети.