Ловец од Тексас платил 110.000 долари на владата на Пакистан за да добие дозвола да убие посебен вид на коза. Тој вели дека ова му е трето патување во Пакистан и дека досега на ист начин ловел секакви видови на животни во земјата, но козата ја оставил последна, затоа што е ретко животно.

Тој патувал со тим на уште двајца ловци, Американци, кои исто така плаќаат на државата за да ловат.

Станува збор за ретка хималајска планинска коза. Брајан Харлан платил огромна сума на пари за да добе дозвола да ја убие дивата Асторе Маркор коза, која е позната по специфичните рогови. Сите тројца ловци платиле за да убијат по една коза и најверојатно и останатите двајца го платиле истиот износ како и Брајан.

Овој потег лутина кај активистите за правата на животните на социјалните мрежи. Напорите за зачувување на овој вид биле зголемени откако извештаите во 2011 година покажале дека имало само 2.500 животи во природата поради уништувањето на шумите, воените дејства, ловците за храна и ловците кои ги ловат поради нивните рогови, кои можат да пораснат до 1,5 метар.

Пакистан го направи локалниот лов на животните нелегален, но им дозволи на странските ловци да убијат 12 кози во сезона со дозвола. Секоја дозвола дозволува едно убиство.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено