Мажот се враќа дома мрачен и лут. Бил во болницата во посета на бабата. Жена му го пречекува на вратата:
– Како е мама?
– Мајка ти е здрава како коњ, наскоро ќе излезе од болница и ќе живее кај нас.
Жена му изненадена:
– Не разбирам… Вчера докторот ми рече дека таа умира.
Мажот луто објаснува:
– Не знам што рекол на тебе, ама мене ми рече да се подготвуваме за најлошото…